ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ се договорија да работат на програмата што треба да ја реализира идната бугарска Влада

April 25, 2023 13:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На лидерската средба во бугарското Народно собрание двете коалиции што освоија најмногу гласови на последните парламентарни избори- „ГЕРБ-СДС“ предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов и „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), се договорија да работат на програмата што треба да ја реализира идната бугарска Влада.

Средбата се оддржа на покана на ГЕРБ-СДС и беше отворена за претставници на медиумите.

-Доколку има договор за оваа програма, веќе мора да почнеме да размислуваме со каков состав би ја реализирале, под условот, таа влада да биде составена од „ПП-ДБ“, рече копретседателот на ПП Асен Василев.

На средбата делегацијата на ПП-ДБ повторно посочи дека не можат да ја поддржат владата на ГЕРБ-СДС со првиот мандат, но се подготвени да зборуваат за нејзините политики, како и за буџетот.

На средбата Борисов побара од „ПП-ДБ“ да ја презентираат нивната опција за владин кабинет со добиен втор мандат и како ќе биде составот на таа влада.

Василев, на тоа возврати дека доколку „треба да ви го понудиме составот на кабинетот, треба да знаеме и каква програма таа влада ќе спроведува“.

-Очекувате да го предложиме составот на кабинетот пред вториот мандат – тоа не е традиционална пракса и мораме да се консултираме со нашите тела, под услов да имаме договор за политиките и тоа ќе ви помогне за првиот мандат, изјави Василев на самата лидерска средба во парламентот.

Лидерот на ГЕРБ, Борисов, претходно кажа „сакаме безусловно да ве поддржиме за вториот мандат во парламентот, без да учествувааме во работата на таа влада, но, притоа побара од „ПП-ДБ“ да го претстават составот на владата и да види што тие нудат како премиер и министри. Тој истакна дека тоа ќе го одреди појасниот став на ГЕРБ-СДС кога ќе одлучуваат за првиот и вториот мандат. Според него, состојбата е нестандардна, затоа и решенијата се нестандардни.

Борисов оцени дека предлогот на Василев е многу разумен и дека дискусијата треба да се продолжи во овој дух.

 

Tags: бугаријаВлада
Next Post

Русите користат гас против украинската војска во нападите на Бахмут, велат украински војници

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk