ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски се обрати на самитот „Македонија 2025“: Странските директни инвестиции во кризни услови достигнаа историски 753 милиони евра

April 26, 2023 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на почетокот на годинешниот Самит „Македонија 2025″, посветен на просперитетни економии, преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство, а којшто ќе се одржува во следниве два дена во Скопје.

На Самитот се присутни Мајкл Чкламовски, претседател на Одбор на директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски, ко-основач и член на Одбор на директори на Македонија 2025, Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка и член на Одборот на Македонија 2025, Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, претставници од бизнис заедницата во Република Северна Македонија, експерти во областите за коишто ќе се дебатира.

„Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст и тогаш за прв пат тогаш почнавме покрај поддршката на странските инвестиции да ги поддржуваме и домашните инвеститори. И ова вроди резултат и покажа дека оваа Влада не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, односно растот на БДП, туку за клучно ја сметавме поддршката наа компаниите, бизнисот, за да може да е бизнисот спремен да одговори на предизвиците и да го донесе толку посакуваниот раст и развој во нашата економија.

Токму затоа и странските директни инвестиции во кризни услови, минатата година, бидејќи таа беше најкризна година по 2-рата Светска војна достигнаа рекордни историски износи од 753 милиони евра, само во една година, и тоа повторувам во најкризната година во Европа и кај нас.. Нашите странски директни инвестиции се на највисоко ниво во најкризната година и тие се два пати поголеми во однос на 2016 година.

Инвеститорите кои што доаѓаат во земјата остануваат и го прошируваат својот бизнис, го зголемуваат бројот на вработените и создаваат додадена вредност на нашата економија. А доколку ги погледнете анализите тогаш ќе забележите дека и нивото на плати, тука имаме и претставници на советот на странски инвеститори дека и нивото на плати веќе не е на ниво на минимална плата, туку веќе е над просечната плата во најголем дел од фабриките кои работат во слободните економски зони.

Минатата недела еден од најголемите производители на чипови за автомото иднустријата, за авио индустријата, медицинската индустрија, 5Г технологиите итн – Јагео, одлучи да отвори 205 милиони евра вредна инвестиција, најголема инвестиција од практично отпочнувањето со работа во слободните економски зони која во својот производен капацитет во кој ќе работат речиси 4000 вработени. И ова е најдобра потврда дека ние имаме и ресурси и знаење да произведуваме нешто за кое сметавме дека е незамисливо да се произведува во Македонија.

Затоа на сите оние кои сметаа дека на Македонците постојано им треба туторство, некој да ги учи, некој основите да им ги покажува – ова е најдобра потврда дека кај нас ќе се произведуваат чипови кои беше незамисливо да се произведуваат исто како што веќе се произведуваат најсофистицирани делови и за БМВ, Мерцедес и за други автомобили, познати марки од Германија, САД, Франција, Италија итн“, порача Ковачевски во својот говор.

Tags: КовачевскиМакедонија 2025
Next Post

Бранителите на Канческа Милевска побараа ослободителна пресуда

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk