Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Академици, престанете да ја користите институцијата МАНУ како што Петар ја користи мантијата! Како јутуберчето што ја користеше апликацијата за да се смее на силување!
Ова што Коцарев го искажува е СРАМ за МАНУ, точно како највисока научна и уметничка институција, точно како столб на државотворноста!
Па каков ви е тој претседател што како партиски дрон ја нарекува државата што е државотворена од МАНУ – „НЕОКОЛОНИЈАЛЕН ФЕУД”!
„БАНАНА-ДРЖАВА”!
„ВАЗАЛ”! „ПРОТЕКТОРАТ”!
Засрами се Коцарев! Засрами се и за зборовите, засрами се и за манипулирањето со позицијата, засрами се за политичкото незнаење! Засрами се што служиш на партија со најмногу бугарски пасоши и членови кои се разбудиле како Бугари, а секогаш го спречуваа напредокот на Македонија!
Република Северна Македонија, колега, не простаклуците кои јавно ги искажа!
А МАНУ, не само да се огради, туку и да го суспендира, не само од функција туку и од членство, бидејќи вакво антидржавно однесување е или злостор, или тешка деменција!