ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП: Изградбата на Коридорите обезбедува нови работни места и почитување на правата на работниците

April 26, 2023 11:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Република Северна Македонија. Придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните и трговски партнери, се вели во соопштението на МТСП.

„Ова значи и обезбедување на нови работни места за нашите граѓани бидејќи трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите. Од друга страна тоа се нови даночници и нови приливи во државната буџетска каса.

Проектот има за цел да вработи што е можно повеќе работници од Северна Македонија, кои ќе имаат можност и за обука од страна на изведувачот.

Ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, со кој се регулира ангажманот на работници и јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.

Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%.

Законите постојат за да ги штитат граѓаните. Работниците кои ќе бидат ангажирани на овој проект, а согласно потребите во градежништвото извршуваат прекувремена работа, секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 % согласно Законот и колективниот договор. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, и доколку не сака нема да биде принуден со сила да работи прекувремено. Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден.

Потенцираме дека, прекувремената работа не значи 60 часа неделно, но и не значи дека во текот на целата година ќе има прекувремена работа, тоа ќе зависи од временските услови за работа на терен, односно поинтензивно ќе се работи во месеците на пролет, лето и средина на есен, но не 60 часа неделно. Истовремено, прекувремената работа ќе зависи и од активностите и процесите на работа на трасите, што значи, дека ќе има и денови кога воопшто нема ниту да има потреба од прекувремена работа.

Овие инфраструктурни инвестиции се траен влог, создаваме наследство за идните генерации“, додаваат оттаму.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: изградбаКоридориМТСПработници

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk