ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во македонскиот КИЦ во Загреб уметничка вечер посветена на творечкото дело на Томислав Османли

April 26, 2023 10:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 25 април во просториите нa македонскиот Културно информативен центар во Загреб се одржа уметничка вечер на македонскиот писател Томислав Османли. На културниот настан кој собра истакнати личности од литературата, науката, општествените дејности, за сестраниот опус на Османли релјефен вовед даде Д-р Наталија Поповска, која и беше иницијатор и организатор на  настанот. Книжевната вечер се одвиваше под исклучителното медијаторство на македонистот Проф. Д-р Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Загреб.

Со вдахновен говор прозниот опус на нашиот писател и драмски автор, го претстави писателот и режисер Матко Сршен, професор на Факултетот за драмски уметности во Загреб. Професорот Сршен при тоа фокусираше две дела на Османли, антивоената пиеса „Апокалиптична комедија“ која во превод на книжевниот теоретичар, македонистот Проф. Д-р Златко Крамариќ беше објавен во престижното списание „Књижевна ревија“ списание на „Матица Хрватска“ од Осијек, како и кон романот „Дваесет и првиот“ кој по добивањето на нашата награда Роман на годината во Македонија, токму во Хрватска ја имаше првата од серијата понатамошни меѓународни објави, во книгата која во превод на македонистот Проф. Д-р Борислав Павловски, ја издаде загрепски „Сандорф“.

Пред присутните со пригоден говор се претстави и авторот на книжевната вечер, осврнувајќи се на мотивите за своите повеќекратни креативни интересирања и творби во прозата, филмската и театарска драматургија, есеистичките и теоретски книги и објави. Меѓу другото, Томислав Османли говореше за етичките аспекти на  своето книжевно кредо.  Нараму, овој автор, инаку наш теоретичар на стрипот, говореше за првата професионална за ликот и пионерското остварување  на Желимир Книвалд, Хрват по потекло, кој во скопски гимназиски печатен весник го објави првиот до сега регистриран стрип на македонско тло – во далечната 1937/38 година. Исто така, Османли истакна дека, заедно со истакнатиот хрватски  стрип теоретичар и историчар Вељко Крулчиќ, во Македонија, на деновите на културата во Галеријата „Безистен“ во Штип ја организирале  првата изложба на оригинални стрипови на најголемиот хрватски и екс-југословенски автор, Андрија Мауровиќ.

На загрепската авторска вечер посветена на Томислав Османли, исклучителен  настап имаше пијанистот Виктор Рафајловски, а фрагменти од делата на нашиот автор читаше младата Лутиен Л. Крстевска.

 

Tags: ЗагребТомислав Османли
Next Post

Охридското обвинителство го повика на распит претседателот на „Цар Борис Трети“

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk