Денеска во Министерството за транспорт и врски се одржа средба на македонско-германска Мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства, на која е потпишан Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе се придонесе за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји.
На средбата, претставниците на Комисијата се согласиле за поголема соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, со цел развој на товарниот транспорт.
– Зголемување на контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт се однесува за следните категории: билатерала, транзит и за и од трети земји. Ова е уште една потврда на добрите политиките на Министерството за транспорт и врски преку кои македонските транспортери добиваат поголема можност за соработка со своите германски партнери во меѓународниот патен превоз, се вели во соопштението.