Грција нeма да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската ошпштина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
– Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.