Денеска, 27.05.2023(четврток) со почеток во 12.00 часот, во Центарот за обука при Секретаријат за европски прашања ќе се одржии конференција на тема: „Најдобри општински практики од Германија”, во рамки на Програмата „ЕУ за општините”.
Главната цел на конференцијата е давање на поддршка за побрзо спроведување на иновативни општински решенија во Република Северна Македонија со користење на искуства од земјите-членки на ЕУ.
Настанот ќе го отворат Карл Џиачинти, програмски менаџер во Делегацијата на ЕУ и Ото Граф, в.д. амбасадор на Сојузна Република Германија.