Украински новинар кој работел како локален соработник на италијанскиот весник „Република“ е убиен од снајперски истрел во јужна Украина, а неговиот италијански колега е ранет, пишува весникот.
– Нашиот дописник Корадо Зунино и неговиот колега Богдан Битик упаднаа во заседа на руските сили во предградие на Херсон, јужна Украина. За жал, Богдан Битик не преживеа, а Корадо, кој беше ранет во рамото, е примен во болница во Херсон, додава Република.
Двајцата новинари, кои редовно известуваа за конфликтот од почетокот на војната во Украина, носеле панцирни елеци со ознака „прес“, нагласува весникот.
Тие биле во близина на главниот мост во Херсон кога биле погодени.
– Погодени сме. Го видов Богдан на земја, не мрдаше. Го викав, но тој не ми одговараше, рече италијанскиот репортер.