ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана iOS верзијата на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид „Кико и Хана“

April 27, 2023 11:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица денеска официјално ја промовираа верзијата за iOS уреди на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид на македонски и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, која им овозможува пишан текст да слушнат и разберат во аудио верзија.

Секретарот на Националниот сојуз на слепи, Глигор Самарџиски истакна дека Кико и Хана во изминативе речиси три години станаа дел од секојдневието на сите лица со оштетен вид во нашата држава и веќе ја користат над 2.000 луѓе.

– Нив ги користеа и младите во училиштата и факултетите, но и вработените на своите работни места. Од овие гласови бенефитот нема да се однесува само на лицата со оштетен вид. Потенцијалот на овие гласови е се уште голем и со нивно адаптирање за работа и на Ајфон и Ајпад за овие гласови се отвораат нови можности, рече Самарџиски.

Тој потенцира дека во иднина се планира овие гласови да добијат уште поголема примена, односно да се слушаат во автобусите за најава на наредната автобуска станица или пак во банките на банкоматите, кои ќе ги исчитуваат менијата и копчињата, и на многу други места кои што ќе бидат од корист за лицата со оштетен вид.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу истакна дека веќе во постапка е вработување на говорен знаковен толкувач во МИОА. Тој посочи дека работат на тоа веб-страните на институциите да ги исполнуваат европските стандарди во кои што ќе имаат пристап и лица со попреченост.

– Работиме на тоа секој шалтер во државата освен што имаат информации каков тип на сервиси нудат, ние ќе ги задолжиме да имаат Кју-Ар код во кое што секое лице со попреченост при скенирање на Кју-Ар кодот ќе може да има предност за добивање на сервисите во таа одредена институција. Ние, како Министерство за информатичко општество и администрација сме дел од процесот на креирање на Стратегија за дигитализација на општеството и веќе работна група работи на креирање на дигитален еко-систем во кој што сите граѓани на нашата држава ќе се чувствуваат исто толку удобно и лесно да пристапат до системите, до процесите кои што ги нудиме како институција, рече Алиу.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан изрази задоволство поради тоа оваа апликација веќе е преземана и посочи дека тоа е добар доказ дека ова е нешто што е потребно и што ќе има позитивно влијание на животите на лицата со попреченост.

– Мора да одиме напред. Еден од принципите на УНДП е никого да не оставаме и да обезбедиме инклузивни решенија за сите делови на општеството, рече Григоријан.

Tags: „Кико и Хана“лица со оштетен видМинистерство за информатичко општество и администрација
Next Post

Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

НАЈНОВО

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk