ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Финансиската полиција поднесе кривични против три физички и три правни лица за даночно затајување

April 28, 2023 14:22
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.

Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока – прехрамбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 проценти во износ од 5.636.379 денари и данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.

– Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 18.161.097 денари, се посочува во соопштението.

Од Финансиска полиција изразуваат благодарност до сите надлежни институции кои биле дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршиле работата.

УФП додава дека дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.

– Инаку, во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 година и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 41-3646/3 од 06.04.2023 година (Сл.Весник на РСМ, бр.74/23) донесени од Владата на Република Северна Македонија, во текот на кои проверки беа констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција, се додава во соопштението.

Tags: кривични пријавиФинансиска полиција
Next Post

РКЕ: Се намалува екстра лесното масло за домаќинство

НАЈНОВО

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk