ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Плата за февруари во државата не зеле 12.556 работници, а за март 31.975 вработени лица

April 28, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Плата за февруари во државата не зеле 12.556 работници, а за март 31.975 вработени лица, информира на денешната средба со новинарите директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

-За месец февруари 2023 година, обврска имале 69 059 работодавачи, за 554 237 вработени лица. Од нив, 61 520 ја платиле пресметката, а не ја платиле 2 403 за 4 991 вработено лице, а 5 136 работодавачи за 7 565 вработени воопшто немаат поднесено пресметка за плата за февруари. За месец март обврска да поднесат пресметки за плата имале 69.156 работодавачи за 555.161 вработени лица. Од нив, пресметката ја платите 56 073 работодавачи за 523 186 вработени. Поднеле пресметка, но не ја платите 7 367 работодавачи за 20 363 вработени, додека 5 716 работодавачи за 11.612 вработени се уште не поднеле пресметка за минатиот месец, рече Лукаревска.

Според податоците на УЈП, речиси ист е процентот на исплатени плати од компаниите кои поднеле пресметка за плата во февруари годинава (67 проценти) со оној од февруари лани (66 проценти). Во март, тој процент е нешто поголем (71 процент) во однос на март лани (68 проценти).

Согласно законскиот рок пресметка за плата се доставува до 10-ти во тековниот месец за претходниот, а рокот за исплата е до 15-ти во месецот. За фирмите кои не се придржуваат до роковите, следи опомена, па блокада на сметката.

Од УЈП од почетокот на годината заклучно со 25 април извршиле 1.522 контроли согласно Законот за контрола на готовински плаќања, при што кај 702 субјекти се утврдени неправилности. Станува збор најчесто за неиздавање фискални сметки.

Во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и МВР, направени се контроли кај 33 даночни обврзници што вршат производство на накит во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Битола од кои двајца биле затворени, а кај 18 се констатирани неправилности со неиздавање сметки, некои, пак, воопшто не го регистрирале прометот.

Инспекторите на УЈП направиле и контроли на Пластичарска улица при што во првата акција биле опфатени 30 субјекти, а кај 28 од нив се констатирани неправилности, пред се со неиздавање фискални сметки. Во март од 37 контролирани објекти неправилности се утврдени кај 25.

Контроли по основ на фискални сметки биле спроведени и во јавни здрвствени установи при тоа во Скопје биле опфатени сите поликлиники при што кај четири биле утврдени неправилности со неиздавање фискални. Контроли се спроведени и кај 19 клиники во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, од кои неправилности се откриени кај четири, главно поради неиздавање на фискални сметки и една за неводење евиденција. Контроли биле спроведени и кај јавни здравствени установи во Кичево и Тетово, каде исто биле утврдени неправилности. Во Гостивар со контроли биле опфатени повеќе приватни здравствени установи. Од 16 субјекти кај два се најдени неправилности.

Исплатата на „Мој ДДВ“, како што денеска информираа од УЈП, ќе почне веднаш после празникот, за што се обезбедени околу 10 милиони евра за првото тримесечје.

Tags: платаработнициУЈП
Next Post

Заев од Атина: Постои регионална соработка во енергетскиот сектор, која ќе биде многу важна идната зима

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk