ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден на безбедност и здравје при работа, МЗЗПР лани евидентира 22 несреќи со фатални последици

April 28, 2023 11:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), денеска во паркот на последната автобуска постројка со број 5 во Ново Лисиче во Општина Аеродром, ќе засади 22 дрвца, а бројот на садници, како што информира здружението, го отсликува бројот на загинатите на работното место во текот на 2022 година.

На настан, пак, во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела Скопје, Здружението за заштита при работа на Општина Битола и Здружение за безбедност при работа „28 април“ Скопје ќе бидат доделени награди на компании за најдобри практики за безбедност и заштита при работа за 2022. Ќе бидат доделени награди и на ученици во рамки на проектот „БЗР од мали нозе“, одобрен од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Најавени се и обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Емил Крстановски, координатор на канцеларијата на МОТ за Македонија.

Во Годишниот извештај за несреќи при работа, што детално ќе го презентира денеска МЗЗПР, се евидентирани 169 несреќи при работа во 2022 година. Информацијата е врз основа на објавите во електронските и печатените медиуми, како и искомуницираните податоци до нив како здружение. Оваа бројка, информираат од здружението, е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек како што велат, според податоците на Институтот за јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 потешко повредени на годишно ниво.

-Според податоците кои успеавме да ги прибереме и систематизираме 22 потешки несреќи на работното место беа со фатални последици. Следбено на оваа бројка на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,17, односно на секои 100.000 вработени, тројца вработени гинат на работното место во 2022 година. Оваа стапка на смртност, е во благ пад споредбено со претходната 2021 година, кога изнесувала 3.77. Кога пак како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2022 година изнесува 21,21, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 21 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 16,97, стапката на повреди за 2022 е во благ пораст, стои во Извештајот на Македонското здружение за заштита при работа, во кој како извор за добивање на податоци за несреќите при работи, пред се, се користени информациите објавени во медиумите.

Во фокусот на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа годинва е темата „Безбедна и здрава работна средина како основен принцип и право на работа. Овој датум воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.

Tags: МЗЗПРСветски ден на безбедност и здравје при работа
Next Post

Сообраќајна несреќа кај делчевското село Бигла

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk