ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бислимоски: Нови 300 MW капацитет од обновливи извори за енергија ќе бидат приклучени на мрежа годинава

April 29, 2023 11:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 300 мегават часови инсталиран капацитет од обновливи извори за енергија се очекуваат да бидат приклучени на мрежа годинава, што е двојно повеќе од минатата година, најави  Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и претседател на Бордот на регулатори  од Енергетската заедница, при учеството на Енергетскиот самит во Неум, Босна и Херцеговина.

Според Бислимовски, со ова темпо на инвестиции за производство на струја од обновливи извори на енергија, државава за година и половина ги достигна таргетите од  Зеленото сценарио  што требаа да се реализираат до 2040 година од Енергетска стратегија.

Ние треба сега да ја ревидираме Енергетската стратегија во овој дел, затоа што околностите во енергетската криза драстично го променија темпото на реализација на инвестиции за производство на струја од Сонце, ветер и вода, рече Бислимоски.

Тој на панелот ги сподели искуствата на земјава која ги има во делот од Националниот план за енергетика и климатски промени.

Првиот човек на РКЕ, како што пренесува прес-службата на РКЕ, посочи дека декарбонизацијата е дел од енергетската транзицијата затоа што залихите на јаглен се трошат, а производството се пренасочува кон капацитети од обновливи извори и производство на електрична и топлинска енергија од високо ефикасни комбинирани постројки.

– На нашата мрежа се приклучени производни капацитети со инсталиран капацитет од 2000 MW, а во моментов четири пати е поголем интересот за инвестиции во обновливи извори и достигнува 8000 MW инсталиран капацитет, од кои најмногу се инвестиции во фотоволтаични централи и ветерни електрани. Решението се гледа во батериите за кои сега работиме на воспоставување на правила и процедура. Батериите и се поизвесната реализација на ХЕЦ Чебрен ќе  служат за балансирање во електро-енергетскиот систем во земјава. Тоа е реалноста во процесот на транзиција кон која државата стратешки и со план се има поставено. Несомнено ќе имаме нова нормалност – од земја која до сега домашно производство на струја доминантно се базира на јаглен, сега ќе имаме производство од обновливи извори, рече Бислимоски.

Енергетскиот самит во Неум го отвори амбасадорот на САД во  Босна и Херцеговина  Мајк Марфи  а на панелите учествуваа експерти од енергетскиот сектор, меѓу кои и  Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бислимовскиобновливи извори на енергија
Next Post
Фото: Влада.мк

Битиќи во „ДИМ Комерц“ во Валандово: Преку поддршката на нови инвестиции го потикнуваме локалниот економски развој

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk