ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи во „ДИМ Комерц“ во Валандово: Преку поддршката на нови инвестиции го потикнуваме локалниот економски развој

April 29, 2023 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Успешната и развојна деловна активност на „ДИМ Комерц“ е пример за тоа како владините економски политики даваат реални и конкретни резултати во делот на поттикнувањето и унапредувањето на рамномерниот регионален развој, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „ДИМ Комерц“ од Валандово која е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека компанијата преку континуирано вложување и унапредување на производството успева да ја одржи својата конкурентност на  странските пазари.

„Со постојано усвојување на најсовремени деловни практики и технологии во доменот на преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, со заокружен процес на производство, т.н. „од семка до готов производ“, „ДИМ Комерц“ е пример за растечка, развојна и одржлива компанија во нашава земја, надвор од најразвиениот Скопски плански регион, а која е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека компаијата во 2021 година започна нов петгодишен инвестициски циклус од над 1 милион евра, во кој е поддржана во делот на нови вработувања, пораст на капитални инвестиции и приходи, како и во зајакнувањето на нејзината конкурентност на пазарот, а преку преработката на здрави, еколошки и чисти конзервни производи од овошје и зеленчук, ќе даде позитивен импулс на локалниот економски развој, што за граѓаните на Валандово и околината ќе значи нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.

„Успешната и развојна деловна активност на „ДИМ Комерц“  е пример за тоа како владините економски политики даваат реални и конкретни резултати во делот на поттикнувањето и унапредувањето на рамномерниот регионален развој, кој ќе одговара на потребите на граѓани независно од место каде што живеат.

Воедно, уште еднаш како Влада покажавме на дело дека сме посветени и истрајни во нашата намера на транспарентен начин да ги поддржуваме домашните компании во нивните напори за унапредување на производството, конкурентноста и отворањето на нови работни места“, изјави Битиќи.

Владимир Марков, Менаџер во компанијата ДИМ Комерц се заблагодари за добиената финансиска помош, која меѓу другото се користи и за изградба на еден објект за преработка на овошје и зеленчук.

„Во 2021 година нашата компанија склучи договор со Владата на РСМ за поддршка на инвестициите.

Овде сме во објектот кој што го градиме од 2021-ва од средствата добиени преку финансиска помош на инвестициите и се наменети за изградба на овој објект кој ќе биде во функција на постоечкиот, за преработка на овошје и зеленчук“, изјави Марков.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Одржување на растот во услови на забавување на глобалната економија, инфлација и редистрибуција на доходот

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk