ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Новиот модел на градба има одлични резултати и прогрес на терен во околните земји

April 29, 2023 16:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Кај Коридорот 8 имаме сериозни отстапувања од нивото на автопатската делница во западниот дел од државата, а ние сме се обврзале како држава дека двата главни паневропски коридори ќе ги доведеме на ниво на поголема безбедност, на ниво на автопатски решенија, експресни делници и ќе успееме од кружен тек на Балканот државата да ја направиме крстосница, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

-Имајќи предвид дека 30-тина години зборуваме патиштата, за Коридор 8 и 10Д, за сите овие проекти во дел на подобрување на инфраструктурата во државата мора да признаеме дека денеска се уште зборуваме на пример делницата Градско- Дреново која што 20 години се најавува, се зборува дека ќе започне да се гради, денеска се гради, но во меѓувреме имавме едно откажување на еден изведувач, второ откажување на вториот изведувач, на Ранковце-Паланка исто така старт на градежни работи, па застој, откажување на изведувачите, проблеми со проектите, одново репроектирање на делниците од страна на ЈПДП, па повторно влегување во работа, варијации во однос на проектите и тоа значи дека тој модел покажал голем број на слабости во реализацијата на проектите. Токму поради тоа овој модел ние сме го дискутирале и со професори од Градежен факултет, дека овој модел на проектирање и градба несомнено ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето и како министер за транспорт за мене, за Владата е клучно ние брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во делот на градба на пан европските коридори. А ако сакаме да го напривме тоа час поскоро тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба, тоа значи дека компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради, истакна министерот.

Тој додаде дека токму затоа е отворено прашањето за законските регулативи и процедури.

-Треба да се испроектира цела една делница, на пример Тетово- Гостивар, па потоа да се влезе во експропријација на терен, па потоа со одобрение за градба изведувачот да влезе со работа, за да потоа кога се јавуваат одредени репроектирања имаме постојано барања за дополнување на одобрението за градење за измени во тек на градба и тоа ја обременува целата градба на проектот. Во овој проект е предвидена фазна градба што значи дека на одредена делница или локација имаме земјиште кое што е имотно-правно чисто, земјиштето е на државата тогаш таму изведувачот влегува проектира и веднаш влегува со градба. Додека го гради тој дел или таа делница, таа фаза, продолжува со проектирање со експропријација на останатите делници и продолжува со градба и на останатите делници од на пример секцијата Прилеп- Битола или Тетово-Гостивар. Тоа е за нас важно брзо да влеземе и да реализираме и градиме. Овој модел факт е дека не е доволно познат во државата, но и има примена и во околните земји и покажува добар резултат и прогрес на терен. Токму поради тоа е донесен и законот пред некаде 2 години каде што се пропишани процедури на делување и движење се до избор на изведувачот и потоа во останатите фази на реализација. Така што сметам дека наш стратешки и национален врвен интерес час поскоро да ги изградиме пан европските коридори затоа што Македонија веќе време за губење нема, кажа Бочварски.

Tags: Бочварскиинтервју
Next Post
Фото: МИА

Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk