Илјадници наставници во Англија најавија штрајк што ќе ја наруши работата на повеќе од 22.000 училишта.
Професорите по петти пат годинава штрајкуваат барајќи подобри плати и услови за работа поради високите трошоци за живот.
И покрај опсежните дискусии со синдикатите, предлогот на Владата за еднократна исплата од 1.000 фунти (речиси 1.248 долари) за тековната академска година и просечно зголемување на платите на персоналот од 4,5 отсто следната година беше отфрлен и повеќе не се дискутира.
Одделот за образование го оцени предлогот „праведен и разумен“ и вети дополнителни 2,3 милијарди фунти за училиштата во следните две години.
Синдикатите бараат зголемување на платите над инфлацијата, како и дополнителни средства за зголемувањето на платите да не дојде на сметка на постоечките училишни буџети.