Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.
Од кабинитетот на Пендаровски за МИА потврдија дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс.
На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Претседателот Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше и на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември минатата година.