Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата од Република Северна Македонија на студиската посета во Стокхолм, Шведска денеска се сретна со претставниците на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – (SIDA). Кои се главни поддржувачи на проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата перспектива- (GEF)”. На средбата се разговараше за досегашната меѓусебна соработка како со Министерството за труд и социјална политика така и со Секретаријатот за Европски прашања во Република Северна Македонија.
Тренчевска за време на средбата ја истакна важноста на општата цел на проектот финансиран од SIDA кој има за цел да ја поддржи Владата на Република Северна Македонија во транспонирање на правото на ЕУ за родова еднаквост.
На средбата беше промовирана и работата на секторот за еднакви можности при МТСП. Кој преку проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија” со поддршката од SIDA во соработка со UN Women го отвори Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Целта на овој центар е градење и зајакнување на капацитетите на административните службеници за создавање стратешки документи кои ја вклучуваат родовата перспектива во политиките и буџетите.
Дополнително, беше истакната важноста на „Регионалниот проект за родово одговорно буџетирање на земјите од Западен Балкан” и компонентата на меѓусебната соработка, размена на искуства и креирање на заеднички стратегии за унапредување на родовата еднаквост во регионот.
Средбата беше заокружена aкцентирање на визијата за понатамошната соработка и поддршка на SIDA во делот на земјите од Западен Балкан.