ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Христов: Oна што се случува денес е спротивно од мислата на Делчев

May 4, 2023 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Гроб на Гоце Делчев, црква Свети Спас. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Гроб на Гоце Делчев, црква Свети Спас. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Ова е тежок ден, ден на смртта и ден за кој била платена висока цена. Цената на животот и слободата. Слободата е скапо нешто, веројатно најскапото нешто на светот.  Тоа е смрт за еден млад човек која ја платил со животот за слободата на сите, изјави денеска внукот на најмалиот брат на Гоце Делчев, диригентот Христо Христов, по положувањето на цвеќе пред гробот на Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

-Ние сме родени за да бидеме слободни, сите да сте живи здрави. Тој се бореше за слобода на луѓето. Тие кои биле тогаш живи, се борел за нив да не бидат раја, да имаат човечки живот. Голема тешкотија е, веројатно треба да продолжат да се борат Македонците за својата слобода. Таа е нешто што треба да се дише постојано, додека си жив, рече Христов.

Прашан дали со тензиите меѓу македонската и бугарската страна се зачувува мислата на Делчев дека „светот го гледа како поле за културен натпревар меѓу народите“, Христов рече дека она што се случува денес е токму спротивното од кажаното на Делчев.

Тој напомена дека има желба да направи мирен и културен проект кој вклучува музичари од двете држави.

-Моја лична желба беше на денешен ден да направиме мирен и високо културен проект кој вклучува музичари од двете држави и да ги изведат химните на двете држави, но и да отсвират нешто од последниот дел на деветтата симфонија на Бетовен, „Ода на радоста“ која всушност е химна на Европа, додаде Христов.

Tags: Гоце ДелчевХристов
Next Post
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Советот за етика во медиумите упати апел до медиумите за одговорно известување за трагедијата во белградското основно училиште

EVN

НАЈНОВО

Четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори

January 15, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

ЕК: Македонија реализира само шест реформи од Планот за раст на ЕУ – забележан селективен пристап

January 15, 2026
Илустрација ФБ профил А. Жерновски

Нема виза ни за Периметарот

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Шпанското обвинителство отвори истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Режисерот и актер Тимоти Басфилд се предаде на полицијата во Ново Мексико по обвиненија за сексуално злоставување деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk