ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Органско пазарче во Јавна соба

May 4, 2023 09:28
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИНФО ПИТ

Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија. Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги внесуваме поради начинот на живот.
На 6. мај, сабота со почеток во 10:00ч. на зелената тераса во Јавна соба повторно се отвора Пазарче.орг (орг = органска храна).

Посетителите, покрај дегустацијата која е карактерситична за овој органски пазар, ќе имаат можност да се снабдат со свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, медови, производи со тартуфи, мармалади и сл., призводи кои се произведени од поединци или од семејни производители. Вината и ракиите од мали семејни винарии и дестилерии, се автентични и неповторливи, а од причина што се произведуваат во мали количини може да се купат само на овој настан. Доказ за нивниот квалитет се многуте награди освоени на домашни и регионални натпревари. Зачин на целиот процес на пазарење и дегустација е ДЈ Јоци и кулинарскиот перформанс на правење самбал (индонезиски лут намаз) на Пол Хотхаузен.

Љубителите на добри летни коктели ќе имаат можност да дегустираат коктели од винската сорта “Станушина” како поддршка за Денот на Станушината – 7. мај.

Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга, кои решија сите овие вкусови од Македонија да ги доближат до пошироката јавноста со цел да се разбие стигмата дека органското е скапо, неубаво на изглед и тешко достапно кај нас. Напротив, производителите на свежи и преработени органски производи во изминатите години напредуваа брзо благодарение на повисоката свест кај сѐ поголемиот број граѓани кои разбраа дека конвенционалната храна содржи во себе огромен број на пестициди, кои знаеме што тие му прават на нашиот организам – го насочуваат кон фармацијата. Факт е дека многу луѓе во Скопје сѐ уште немаат пробано вистинско непрскано јаболко или домат, кои на изглед ја немаат формата и сјајот како оние кои се десетина пати поминати со најразлични препарати.
Пазар.орг ќе се одржува секоја сабота на зелената тераса во Јавна соба со цел да се креира поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите македонски производители и да се помогне секој еден органски продукт полесно да го најде местото до трпезите во цела Македонија и пошироко.

Tags: Органско пазарче
Next Post

Миљаниќ: Црна Гора е трета во светот по број на вооружени граѓани, веројатно повеќе има илегално од легално оружје

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk