Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Тотално никаков личен интерес немам во тврдењето и останувам на него дека додатната количина пари што СИТЕ пратеници (вклучувајќи ги и опозиционите – ВМРО ДПМНЕ, Левица и останатите, не само од владејачките партии), Владата и некои судови – пред и после Одлуката на Уставниот суд, Е НЕВИСТИНИТО да се нарече „покачување”. Безобразно е.
Без оглед што ги мразите сите нив за тие количини пари. Тоа е и целта на овој пранк на вмровскиот адвокат.
Процентот на после-версус-пред е навистина голем (според наводната изјава на Пендаровски, 164 наспрема 93) и навистина во снапшот момент изгледа како драстично рипање на сумата.
Си сметате дека ви е исправно што во целава мината деценија функционерите имале нето основица тогашната просечна плата, макар и местена со нетото на онаа глупа сума 25726 ден. што некој си ја сметал за бруто од непознати причини (множена со од 2.2 до 4.5).
А не ви е исправно што оваа гарнитура две години зема плата со основица ПОМАЛА од просечната плата (при исти коефициенти), заради глупата фиксна сума што вмро ја вметнало во законот. Ем оваа гарнитура е оштетена во однос на претходните 3-4 гарнитури, ем ги вадите на табло „дека си ги покачиле платите”.
Лани Пендаровски требало да зема
140-тина илјади. Преклани – 115-тина илјади. Но цело време земал 93 илјади. Да не беше грешката на вмро со ставање на фиксна сума покрај репер-сумата просечна плата, па после „поправањето” на таа грешка преку Уставниот суд пак од вмро, немаше ни да знаете дека „им се покачиле” платите. Што води до следново:
Па и вашите плати се покачени последниве две години инаку не би можела просечната плата толку многу да биде поголема. Овојпат тоа значи баш покачени, со тоа значење на зборот. Ама тоа не го броите и вмро СМЕТА на тој егоизам, на тој круг од пристрасност кон егоизам и назад.
Така, вмро успешно ви инсталираше катран од негативни чувства и перспективи во мозокот и му даде спин. Сега наместо мозок, како во мешалица ви вртат катрани од љубомора за пари, плачливост за пари, би се фрлиле од карпа за вие да ги имате тие пари. И за инает, нема да ве интересира кој ќе седи на местата на сегашните. Тоа е тоа, тоа е сѐ што се бара од вас. Да не ве интересира. Тие тогаш сами ќе си средат кој да седне.
Овие што сега ги влечкате на табло се единствената препрека да не пропаднете сосе држава. Тука сите сте со компјутери и телефони не сте до таа мера без пари. Не крадете кромид за вмро.
Текстот е личен став на Авторката.