Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на својот фејсбук-профил објави галерија од синоќешните светлечки видеопроекции со стихови и мисли од македонски дејци и писатели по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
Македонски зборови на кирилица зрачеа од маркантни објекти и локалитети и ги стоплија градовите низ земјава. Го чуваме и сакаме македонскиот јазик како наша куќа зашто тој е нашето засолниште, напиша министерката Костадиновска Стојчевска.
Таа им се заблагодари на сите кои вчерашниот ден, 5 Мај-Денот на македонскиот јазик го направија празничен.