ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Велика Британија го слави крунисувањето на кралот Чарлс Трети со улични забави и концерт во замокот Виндзор

May 7, 2023 12:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По саботната свечена церемонија во Вестминстерската опатија во Лондон, која беше фокусирана на кралското семејство и лидерите од целиот свет, денеска централен настан во Велика Британија е прославата по повод крунисувањето на кралот, која ќе трае два дена, со што ќе се означи почетокот на ерата на Чарлс по 70-годишното владеење на кралицата Елизабета Втора.

Во речиси секој парк во Лондон се поставени детски игралишта, а важните градски улици и плоштади се место за специјални улични забави.

Пред замокот Виндзор вечерва ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапат многу уметници како светски познатата пејачка Кети Пери, Лајонел Ричи и Андреа Бочели.

Концертот, на кој ќе присуствуваат 20.000 луѓе од целата земја и ќе го следат во живо во повеќе од 100 земји во светот, ќе биде јавен настан со учество на волонтери од бројни хуманитарни организации.

Преку видео порака ќе се појават холивудската ѕвезда Том Круз, актерката Џоан Колинс, авантуристот Бер Грилс и пејачот Том Џонс.

Кралскиот балет, Кралската опера, театарската компанија Ројал Шекспир, Кралскиот музички колеџ и Кралскиот уметнички колеџ ќе се соберат заради уникатен настап.

Познатиот британски пејач, композитор и пијанист Елтон Џон одбил да настапи на концертот, правдајќи се со турнеја во странство. Елтон Џон беше многу близок пријател на принцезата Дијана, поранешната сопруга на кралот Чарлс.

Утре во Бакингемската палата на отворено ќе биде организиран таканаречен „голем ручек“, каде ќе се дели јадењето „кралски киш“, специјално дизајнирано за церемонијата.

Понеделник ќе биде неработен ден. Кралското семејство претходно ги повика Британците на тој ден да прават волонтерски активности.

Чарлс и Камила се надеваат дека продолжениот викенд „ќе даде можност за славење и поминување време со пријателите, семејствата и заедниците“, соопшти Бакингемската палата.

Централен аспект на прославите ќе биде таканареченото „Осветлување на нацијата“, со што ќе се осветлат познатите локации низ Велика Британија со помош на проекции, ласери и дронови.

„Од шолја чај со соседот до улични забави и кралскиот ‘голем оброк’ се одличен начин малку подобро да ја запознаете вашата заедница“, велат од Бакингемската палата.

Премиерот Риши Сунак ќе биде домаќин на волонтери и бегалци од Украина на ручек во неговата канцеларија и резиденција во Даунинг Стрит.

„Луѓето ја одбележуваат оваа важна пригода во духот на единството и надежта за подобро утре“, рече тој.

Извор: МИА

Tags: Велика Британијакрунисување
Next Post
Фото: МИА

Бројот на вработени во ТИРЗ во април достигна 16.700 лица, извозот достигна 1.230 милијарди евра

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk