Бугарската партија ГЕРБ ќе ги информира своите европски партнери, како и комесарот за проширување, за случајот со забраната на европратеникот Андреј Ковачев да влезе во Република Северна Македонија.
„На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на паднатите војници за нашата татковина, властите на Република Северна Македонија направија невиден чин и не му дозволија на шефот на групата ГЕРБ-СДС во ЕПП, д-р Андреј Ковачев, кој е и портпарол на групата на ЕПП во Европскиот парламент, одговорна за проширувањето на ЕУ и Западен Балкан, да влезе во земјата. ГЕРБ категорично ги осудува овие постапки на властите на РСМ“, соопштија од партијата.
„Ваквите недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓани на РСМ, кои отворено се изјаснуваат за својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за развојот на добрососедските односи меѓу двете земји“, се додава во соопштението.