ЦИВИЛ организира голема конференција под наслов „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ на 16 мај, во хотелот Парк Резиденс (зад градскиот стадион), сала Њујорк, со почеток во 12 часот. Конференцијата се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.
На настанот се поканети високи политички претставници, локалната самоуправа, експерти, претставници од граѓански организации и медиумите. Меѓу говорниците што го потврдија своето учество досега се претседателот Стево Пендаровски, националниот координатор Роберт Алаѓозовски и почесниот конзул на Луксембург Петар Арсовски.
Конференцијата е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ кој се надоврзува на достигнувањата на претходните проекти посветени на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности, почитувањето на културните, етничките и верските различноста и недискриминацијата во Северна Македонија. Како во изминатите години, така и оваа година, посебен фокус на проектот се младите, како и поддршката на Стратегијата „Едно општество за сите“ (2020-2022 и 2023-2025).
Проектот има за цел да ја зајакне свеста за придобивките од мултикултурното општество, недискриминацијата и почитувањето на човековите права и слободи, во согласност со европските вредности. Проектот „Заедно за подобра иднина“ го спроведува ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
Извор: ЦИВИЛ