Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска рече дека продолжуваат состаноците за ограничувањето на користењето на социјалната мрежа Тик – Ток во основните и средните училишта.
„Денеска ќе продолжиме со состаноците со институциите кои треба да проценат какви содржини има и како се употребува Тик-Ток. Ако во институциите за безбедност се потврди, како што знаеме, некои од видеата кои беа разгледувани од МВР, како лош материјал заедно со МИОА и Агенцијата за електронски комуникации и другите институциуи во делот на доменот на функционирање на Тик-Ток, ќе ги разгледаме сите можности во начинот на неговата употреба како апликација“, изјави министерот.
Сето ова е поттикнато од случувањата во соседна Србија каде што 13-годишно дете уби девет лица, од кои осум соученици во белградската населба Врачар.