ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груби: Време е за храбри одлуки и помирување

May 9, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Првиот вицепремиер, Артан Груби на свеченото одбележување на Денот на победата против фашизмот и Денот на Европа го истакна големото значење кое храброто донесување на одлуки го имаше за напредокот на државата од прогласувањето на независноста до денес.

Груби во својот говор хронолошки потсети на сите предизвици низ кои успешно помина Република Северна Македонија, како земја секогаш посветена да ја задржи својата ориентација кон вратите на Европа. Тој истакна дека овој состав на Владата има лидери кои се спремни да започнат процес на помирување и да преземаат храбри одлуки за иднината на државата. Истотака, Првиот вицепремиер Груби апелираше за единство во стремежот за креирање на европска иднина за граѓаните на нашата земја.

„Денеска накратко ќе зборувам за храброста и помирувањето. Нашиот континент во целата своја историја, 2/3 од својот период го поминал во периоди на војна, само 1/3 од историјата на европскиот континент бил мир и мирот дошол кога луѓето храбро застанеле заедно и донеле храбри одлуки за помирување.

Потребни беа храбри лидери и граѓани од сите наши земји од целиот континент за да се спротивстават на фашизмот, агресијата, војната и по помирувањето беше потребно да се здружат за да го реализираат најголемиот европски проект во историјата на континентот.

Во 1991 година, беше потребно храбри лидери на нашата земја да прогласат независност и да постигнат помирување меѓу заедниците за да продолжиме напред кон изградба на заедничка држава.

Во 2001 година беа потребни храбри мажи и жени за да склучат мировен договор, Охридскиот рамковен договор, а потоа да се постигне договор меѓу нас, за да продолжиме напред со добивање статус на земја кандидат за интеграција во Европската Унија.

Истото се случи и со Преспанскиот договор, потребни беа храбри лидери и граѓани за да се помириме со нашите соседи, за да го склучиме Преспанскиот договор, да го измениме Уставот и потоа да станеме членка на НАТО во овие турбулентни времиња за нашиот континент.

Сега се потребни повторно храбри лидери, потребен е процес на помирување за да станеме земја-членка на Европа. Во оваа Влада има лидери кои се подготвени да започнат процес на помирување и да донесат храбри одлуки за иднината на нашата земја, иднина како земја членка на НАТО, на Европа, ориентирана кон евро-американската заедница. Затоа, би сакал да ве замолам сите вас, по повод оваа многу важна годишнина, на Денот на Европа, на Денот на победата над фашизмот, да се здружиме и уште еднаш да бидеме храбри, да се помириме и да создадеме европска иднина за нашите граѓани“, порача Груби.

Tags: ГрубиДУИМакедонија
Next Post

Андонов: Неопходен ни е регионален пристап за користење на ЕУ фондовите за чиста енергија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk