ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дезинформација на ТВ Алфа за наводно неоддавање почит од власта за загинатите од „Диво Насеље“

May 10, 2023 10:33
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Дезинформација на Алфа Телевизија за наводно неоддавање почит од власта на осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље.

„Без никакво оддавање почит од власта и Општина Куманово се одбележуваат осум години од трагичната вооружена престрелка во кумановско Диво Насеље, каде животот го загубија осум припадници на македонската полиција“, се вели на почетокот од текстот на Алфа Телевизија со наслов „Осум години Диво Насеље: Годинава никој од Владата и Општина Куманово не им оддаде почит на жртвит“.

Снимка од екран од ТВ Алфа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како што објавија и повеќе медиуми, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“, положи свежо цвеќе на гробовите на починатите припадници на специјалните полициски единици.

Снимка од екран од агрегаторот Тајм.мк

Делегација од МВР, предводена од Спасовски, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“ им одаде почит на Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Жарко Кузмановски и Бобан Ивановиќ.

Рано наутро во 6 од Охрид, од меѓународниот настан со Интерпол, до Тетово, Брвеница, да им се одаде почит на затинатите од Диво Насеље. Министерот @o_spasovski е за секоја пофалба! pic.twitter.com/HUCzdBSsIX

— Лазар (@sluzhbenik) May 9, 2023

Министерот Спасовски, како што е најавено, денеска ќе се поклони и пред спомен обележјата на вечните почивалишта на Горан Илијевски, Исамедин Османи и Љубиша Аранѓеловиќ.

Министерот Спасовски на годишнината од убиството и во објава на Фејсбук им оддаде почит на загинатите припадници на МВР во „Диво Насеље“.

„Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи –
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Нека им е вечна слава! Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.

Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во објава на Фејсбук им оддаде почит на убиените во „Диво Насеље“.

Аранѓеловиќ, Ивановиќ, Илијевски, Кузмановски, Османи, Самојловски, Серафимовски и Стојменовиќ посмртно се одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: дезинформацииДиво НасељеОливер СпасовскиТВ Алфа
Next Post

Литванскиот Парламент одобри данок на банките за финансирање на одбраната

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk