ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 5″ наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем

May 10, 2023 12:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик Стартапувај 5, со кој вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем.

Јавниот повик „Стартапувај“ е петти по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани за истражување и развој. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ и јасна амбиција на комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

Добиените средства на овој повик се неповратни, со што македонските стартап компании добиваат огромна пподдршка но и можност да воведат иновации во своето работење, да го унапредат својот производ / услуга и да остварат успех на пазарот. Од вкупниот буџет на повикот, Фондот ќе обезбеди 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до три години на постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува апликатнот.

На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот.

Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, ќе бидат поддржани активности за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање и други. Како подобни трошоци ќе се сметаат: бруто платите за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој.

Во однос на процесот на евалуација, сите пристигнати проектни апликации ќе поминат низ две фази, односно фаза на претселекција, која се спроведува од страна на три, домашни стручни лица, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериумите за евалуација и едно лице од областите што соодветствува на предлог проектот. Фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кој ја донесува и конечната одлука за финансирање преку овој Инструмент.

Јавниот повик „Стартапувај 5“ е отворен до 15 Јуни 2023 година, до 14.00 часот. Целата проектна документација и начинот на аплицирање се достапни на веб страната: https://shorturl.at/hwxLP

Tags: СтартапувајФИТР
Next Post

Научник објаснува кој диносаурус навистина би преживеал во денешниот свет

НАЈНОВО

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

August 23, 2025

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk