ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи пред ирските пратеници: С. Македонија никогаш не одела по пократкиот пат во однос на исполнувањето на ЕУ критериумите

May 10, 2023 12:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на работната посета на Ирска, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше обраќање пред Комитетот за ЕУ прашања во ирскиот парламент.

Османи ги брифираше ирските пратеници, членови на Комитетот за ЕУ прашања, за нашиот евроинтегративен процес, потсетувајќи дека, во изминатите речиси две децении, државата е докажан и веродостоен партнер на Унијата, со стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кредибилен сојузник во НАТО и одговорен член на меѓународната зедница преку претседавањето со ОБСЕ во актуелниот нестабилен геополитички контекст.

„Северна Македонија ја докажа својата својата посветеност кон првиот надворешно-политички приоритет – членството во ЕУ – со сопствените паметни и визионерски мирољубиви политики во изминатите 30 години внатре во нејзините граници, кон соседите и на меѓународно ниво, градејќи енергична мултиетничка демократија преку култура на дијалог, мирно решавање на билатералните спорови, добрососедство и регионална соработка и со силно почитување на меѓународниот поредок заснован на вредности и норми.” – истакна Османи.

Говорејќи за предизвиците кои ни претстојат на патот кон членство во ЕУ до 2030 година, министерот Османи потенцираше дека е потребно на Северна Македонија да и се даде шанса да се приближи кон ЕУ преку конкретни краткорочни мерки, за време на процесот на пристапување, што, за возврат, ќе ја зголеми довербата на граѓаните во извесноста од крајната цел – полноправно членство во ЕУ.

„Северна Македонија никогаш не одела по пократкиот пат во однос на исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ и ќе продолжи и понатаму да чекори сигурно, обезбедувајќи ја иднината на своите граѓани и напредокот на земјата, преку спроведување на реформската агенда, но, токму заради тоа, треба да вбризгаме поголема кредибилност на процесот, подразбирајќи повеќе интеграција пред членството. ” – заклучи Османи.

Tags: ИрскаМНРОсмани
Next Post

ЛДП бара итна регулација на пристапот до апликации: „Полициските билтени се полни со малолетничко насилство“

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk