ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Брисел продолжува скрининг агендата со Поглавјето 19 „Конкурентност и инклузивен раст“

May 10, 2023 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Брисел продолжуваат скрининг состаноците од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст”, со Поглавје 19 „Социјална политика и вработување”. Состанокот со воведни излагања го отворија претставниците од Европската комисија и заменичката на главниот преговарач и државна секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили.

Таа кажа дека Поглавјето 19 e комплексно и опфаќа неколку различни слоеви на општествениот систем кои се стремат кон постигнување на бројни социјални цели и систем на социјални права.

– Овие теми добиваат уште повеќе на важност во контекст на напорите за справување со последиците од бројните кризи и фокусирање на зелената и дигиталната транзиција. Впрочем овие напори неизбежно одат паралелно со градењето на праведни социјални општества, високи стандарди во работните услови, силна социјална заштита и инклузивност и системи на благосостојба, добро функционирање на пазарите на трудот и родовата еднаквост.” – рече заменичката на главниот преговарач, Абдиу-Халили во нејзиното воведно обраќање.

Во македонската делегација го следи билатералниот скрининг состанок и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која пред Европската комисија посочи дека „еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивноста се во сржта на националните политики и македонското законодавство”.

Министерката се осврна на областа „Вработување и социјална политика” која е динамична област и во континуитет се врши усогласување со европското законодавство и практики.

„Подготвивме нов Закон за работните односи, со кој се унапредува правната рамка за заштита на правата на работниците. Законот ќе биде усогласен со европското право и меѓународните трудови стандарди. Овој закон се подготвуваше низ широк процес на учество и консултации на сите релевантни субјекти, вклучувајќи ги организациите на работодавци и синдикатите, судии, академската заедница и останати засегнати страни”, истакна Тренчевска.

Министерката зборуваше и за реформите во областа на социјалната вклученост и заштита, осврнувајќи се на социјалната помош, која е редизајнирана во Гарантирана минимална помош, со цел да се задоволат минималните егзистенцијални потреби за сите што немаат доволно средства за живот, како и за инвестициите во детската заштита и обезбедување на поголема пристапност во предучилишно воспитание.

Билатералниот скрининг за Поглавје 19 ќе продолжи и во следните два дена, во кои претставниците на македонските институции ќе ја презентираат домашната законодавна и стратешката рамка во оваа област, институционалните капацитети и идните планови за понатамошно усогласување со европските стандарди во областите на трудово право, безбедност и здравје на работа, политиките за вработување, вклучително и вработувањето на младите, социјална заштита и вклученост, антидискриминација и еднакви можности.

Според скрининг календарот од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст” остануваат уште три поглавја, Поглавјето 26, „Образование и култура”, Поглавје 20, „Претпријатија и индустриска политика” и 29, „Царинска унија”, кои ќе завршат првата недела во месец јуни.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Конкурентност и инклузивен раст“Поглавје 19
Next Post

Околу илјада приврзаници на Кан се приведени во Пенџаб

НАЈНОВО

Кочани, Марш за ангелите. Фото: МИА

Родителите на жртвите од „Пулс“ најавија секојдневни блокади: Правдата не смее да се влече

October 11, 2025

Нобеловиот институт проверува дали некој ја открил добитничката на наградата за мир пред време

October 11, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Прилеп: Политиките на СДСМ во однос на прашањата со соседите се чиста капитулација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk