Италијанската полиција утринава уапси 27 лица и заплени 36 килограми чист кокаин во акција во окрузите Каљари, Нуоро и Сасари на Сардинија.
Во акцијата учествувале повеќе од 200 припадници на полицијата, пренесува агенцијата Анса.
Истрагата траеше две години и доведе до разбивање на две криминални групи кои ја контролираа трговијата со кокаин во покраината Сардинија.
Во акцијата се запленети 36 килограми чист кокаин, а пронајдени се и докази за продажба на повеќе од 200 килограми од таа дрога, вредна повеќе од 25 милиони евра.