Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги сподели своите очекувања од првиот натпревар од полуфиналната пресметка со Севилја во Лигата на Европа.
– Севилја четири пати ја освои Лигата на Европа и два пати Купот на УЕФА. Тие се навикнати на вакви ситуации, тие се специјалисти на овој турнир. Мора да работиме навистина напорно за да ги победиме. Оваа година созреавме и станавме посилни. Ни остануваат уште четири првенствени натпревари и овие полуфиналиња. Треба да го направиме она за што отсекогаш сме зборувале, да го дадеме својот максимум на теренот и да видиме каде ќе не однесе на крајот на сезоната, изјави Алегри.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Севилја ќе се одигра во Торино вечер со почеток во 21 часот.