Во Апелациониот суд Скопје започна јавната седница по жалбите на обвинетите за случајот за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот.
Основниот кривичен суд Скопје во ноември минатата година, ги осуди Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска по 18 години казна затвор, а Андреј Костовски на 16 години за убиството на хрватскиот ракометар кој почина на 8 април 2022 откако бил претепан од обвинетите пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.
Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.
Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.