Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ.
„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на големата сцена во Битола како и со превод на англиски јазик, соопштија од Македонскиот народен театар.
Според програмата, покрај монодрамата „Торотнто експрес“, во вечерениот термин ќе биде одиграна монодрамата „Срам“ во која автор, режисер и актер е Ангела Стојановска.
Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола е натпреварувачки и претставите ги оценува жири-комисија во која членуваат Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев.