Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска на на ул.„Индира Ганди“ го привеле М.К.(22). Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР.