ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Давидовски со два пласмани во бодови до петто место на табелата во ТЦР Европа

May 16, 2023 09:54
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот гран при викенд од европското ТЦР првенство се одржа на улиците во По, Франција, локација каде што постои едновековна традиција во организација на трки.

Македонскиот возач Виктор Давидовски имаше импресивен настап, при што во првата трка стигна до четвртото место (откако стартуваше седми), но за волја на вистината почетокот на гран при викендот беше одбележан од дождливото време кое им ја отежнуваше работата на возачите и инженерите за подготовка на автомобилите за соодветните временски услови.

– Променливите временски услови овозможија да има изненадувања, бидејќи инженерите во дадени моменти мораа да работат на штелувањето на возилата врз основа на метеоролошките прогнози, па имаше возачи кои ризикуваа да одат со „сет-ап“ за суво или влажно. И покрај тоа, мислам дека имавме добро подготвен автомобил, но морав да ги следам и инструкциите од тимот и да не преземам голем ризик. Конкретно, во првата трка иако бев петти, добив инструкција од тимот дека еден од возачите пред мене ќе добие казна поради предвремен старт, па дека не е пожелно да напаѓам за да престигнам во такви околности. Стратегијата беше да ја чекаме својата шанса во втората трка, кога распоредот на стартот беше во наша корист.

Давидовски согласно пропозициите стартуваше како четврти на втората трка во По, при што уште на стартот го помина Жулиен Нугаре, а потоа и тимскиот колега Џон Филипи, по што постигна најбрз круг и се најде веднаш зад лидерот Том Коронел.

– Во неделата имав чувство дека имам одличен автомобил. Лесно успеав да го престигнам Филипи за да се позиционирам зад лидерот Коронел. За жал, имав дефект на гумата откако избив на второто место и тоа веднаш се почувствува, поради што морав во бокс иако имав прекрасен ритам. Времињата по круг покажуваат дека сум возел речиси половина секунда побрзо од ривалите, што прави да ми биде потешко, бидејќи имав добра шанса за трофеј. Сега ќе се фоксусирам на трката во Спа и ќе се подготвувам за да бидам конкурентен на оваа патека. Сакам да се заблагодарам на тимот Comtoyou што ми даде неверојатен автомобил кој беше вистинско задоволство да го возиш на улиците во По.

Том Коронел останува лидер во генералниот пласман со 141 бод, пред Џон Филипи со 128. Давидовски со овие два пласмани се искачи на петтото место со 83 бода, бидејќи на претходната трка во Португалија беше елиминирал од Фелипе Фернандез кој го истурка од патеката додека беше третопласиран.

Третиот гран при викенд се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија, сместена во Арденскит шуми, што е уште една локација која е позната по ноторно променливото време.

Tags: ДавидовскиТЦР Европа
Next Post

Мадуро: Венецуела за секогаш ја напушти Организацијата на американски држави

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk