ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Би-Би-Си: На албанските затвореници британската влада им плаќа 1500 фунти за да се вратат дома

May 17, 2023 14:58
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори.

-Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите, јави Ора њуз.

Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени.

-Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта подалеку, заглавена меѓу карпите црни планини и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција, е местото каде слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи, се наведува во прилогот.

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство од повеќе од 1.000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони.

На прашањето „што прави неговата земја за да ги спречи депортирани да се вратат во ОК“, албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи, вели „не е можно да се стави чип на секого за да следи каде оди“.

-Доколку има луѓе со криминално досие, особено во недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовност. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија, рекол тој.

Додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до ОК“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да „создадеме итна легализација на сите Албанци кои работат во Велика Британија на чесна работа и кои немаат криминално досие“.

Само минатата година илегално на британско тло пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: албански затвореницибританска владавраќање дома

НАЈНОВО

Ердоган: Одлуката на Курдската работничка партија да го положи оружјето отвора нова страница во историјата

July 12, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk