Триесет и девет морнари се водат како исчезнати откако се преврте кинески рибарски брод во централниот дел на Индиски Океан, јави Кинеската телевизија.
На бродот „Лупенг јуатуи 28“ имало 17 кинески државјани, 17 Индонезијци и пет Филипинци, сите се водат како исчезнати.
По инцидентот, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди да се испратат дополнителни спасувачки сили на местото на несреќата и да се координираат меѓународните напори за пребарување и спасување на екипажот.