Издавањето на народната оврзница брзо ќе стане популарен финансиски инструмент за кој граѓаните ќе покажат и повеќе од очекуван резултат. Тие со сигурност ќе имаат дополнителна добивка од ваквата инвестиција бидејки за тоа гарантира државата а тоа ќе значи стимул за економски раст и раст на каматите на депозитите, вели во разговор за „Локално“, универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
„Новата хартија од вредност е одличен, пазарен инструмент за мобилизација на слободните парични средства на граѓаните, кој е безричен инструмент, ќе носи фиксен принос и ќе создаде конкуренција на деловните банки, односно верувам дека ќе влијае на пораст на каматите и на депозитите. Обврзницата ќе има бенефит за граѓаните, секако и за државата, која ќе може да се задолжува пониско отколку на меѓународните финансиски пазари. Конечно, истата ќе значи дополнителен инструмент за тргување на финансиските пазари, со што се зголемуваат инвестициските опортунитети“, објаснува Ивановски.