ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Обвинувањата на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП

May 17, 2023 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик.

-Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, посочи Ковачевски.

Северна Македонија и Албанија, како што посочи македонскиот премиер, заслужуваат да продолжат напред и заедно затоа што кога соседите се движат напред и останатите се движат напред.

– Не смееме да дозволиме влијание од трети страни особено не од Русија и во срцето на Балканот, што е срцето на Европа, додаде Ковачевски.

Тој посочи дека Северна Македонија целосно ја поддржува декларацијата на Самитот и сите анекси и верува дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање на проблемите.

-Со нашите партнерски организации особено ЕУ, особено решавањето на грижите и проблемите што ги споделуваме. Како претседавач со ОБСЕ и членка на НАТО ќе продолжиме да ја покажуваме нашата цврста посветеност на мултилатерализмот и нашата посветеност особено кон Украина, како што правевме и досега, кажа Ковачевски.

Премиерот порача дека се собрале во Рејкјавик за да покажат единство, солидарност и посветеност на заедничките вредности во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото соочени со невидената агресија против земја членка Украина.

-Руската агресија против Украина е очигледно кршење на меѓународното право како и еден остар потсетник за последиците од целосното непочитување на поредокот. Се уште сме убедени дека мултилатеразмот со сите негови грешки е начин да се мобилизира колективен одговор на воените кризи и предизвиците од различна природа. Тие само сакаат да ја изберат својата иднина меѓу сојзуниците. Ние го направивме истото кога ја покажавме нашата солидарност и ја избркавме Русија од Советот на Европа. Се уште сме обединети во барањето на одговорност за извршените злодела. Почнавме да размислуваме и за тоа што правиме добро во Стразбур и каде можеме да се подобриме. А правиме многу добра, започнувајќи како мировен проект во 1949 година Советот се разви во светилник на надеж за милиони европејци преку европската конвеција за човекови права, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Посочи дека нормите и стандардите придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани, а денес повеќе од кога било е важно Европа да остане обединета и Европа нема да биде обединета целосна и слободна и мирна без Балканот целосно интегриран во европското семејство.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност на исландското претседателство за неуморните напори за успех на Самитот и му посака на претстојното летонско претседателство иста издржливост и посветеност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаЕСЧПКовачевски

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

July 5, 2025

Сѐ повеќе земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици при патување во САД

July 5, 2025

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk