Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов денеска на својот фејсбук-профил објави за вчерашната средба со жителите на Аеродром, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.
На средбата било разговарано за успешното справувење на Владата на СДСМ со здравствената, економската и енергетската криза, но и за разликите во управувањето со локалната самоуправа сега и претходно.
Само една година беше доволна граѓаните да видат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт. На Скопје му се случува нова катастрофа. Мостот во Аеродром го направивме целосно и не се пушта во употреба, за денеска да гледаме пак хаос во сообраќајот. Ете колку бил потребен и ете колку е потребен. Ако ја довршеа работата, мостот „Михајло Апостолски“ на булевар АСНОМ ќе беше сега алтернатива за граѓаните, а метежот немаше да постои, напиша Шилегов на Фејсбук.
Г. Т.