ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојузот на средношколци ги поздравува препораките на Владата во врска со менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата

May 17, 2023 09:07
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци ја проследи вчерашната прес-конференција на министерот за образование и наука Јетон Шаќири на која тој ги ги презентираше десетте препораки на Владата околу менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата, соопштуваат утрово оттаму.

Сојузот констатирал дека нивните четири предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на Министерството за образование и наука. Тие се преточени во деветтата и десеттата препорака на Владата.

Имено, се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за стручните соработници со цел да бидат отворени за ученици и доколку имаат потреба учениците да можат да закажат и тет-а-тет средба со својот училиштен психолог. Исто така, МОН заедно со стручните соработници од основните и средните училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат ќе формира работна група која ќе креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците.

Создавањето на протокол за дефинирање на новиот модел на работа на училишните психолози, односно истите да остваруваат тет-а-тет средби со учениците наместо да вршат административна работа е заложба на Сојузот на средношколци уште од мај 2021 година. Оттука, Сојузот позитивно реагира на одлуката за отпочнување на процес оваа наша визија да стане реалност.

Исто така, втората препорака на Владата предвидува создавање на општински совети за превенција на детско претстапништво преку локалните самоуправи и Државниот совет за превенција на детско претстапништво. Во препораката јасно е наведено дека е потребно вклучување на Сојузот на средношколци во овие совети. Ние нотираме дека дел од општините тоа веќе го имаат направено, а истите вклучено претставници од Сојузот за членови во овие тела.

Поради сите горенаведени причини, Сојузот на средношколци ги поздравува препораките на Владата. Ние ќе продолжиме активно да се вклучуваме во овие процеси сè додека сите заедно како чинители во образовниот процес не го спроведеме новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците. Сојузот ги става сите свои капацитети на располагање во насока на подобрување на состојбата со менталното здравје на младите и насилството во училиштата, се вели во соопштението на Сојузот на средношколци.

Tags: ВладаМОНпрепоракиСојуз на средношколци
Next Post

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за Чернобил

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk