ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Преку кампањата „Здрав оброк за секое дете” до здрави навики на децата за консумирање на домашно овошје

May 17, 2023 13:07
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија детската градинка „13 ноември” во Општина Центар, со цел промоција на Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Програмата ги вклучува сите градинки во државата и предвидува свежо сезонско овошје секој ден, за секое дете.

Министерката Тренчевска го истакна значењето на здравата исхрана при што порача дека храната треба да биде лек, а лекот треба да е храна за да имаме здрави и среќни генерации.

„Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболки во текот на 5 месеци, односно секое дете треба да добие по 1 (еден) килограм овошје неделно. Оваа програма е поддржана и претставува донација од страна на Владата Република Северна Македонија,” истакна Тренчевска.

Министерот Николовски истакна дека оваа програма е продолжение на она што министерството го започна минатата година, но сега со двојно поголем буџет.

„За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90.000 кг кајсии, 175.500 кг праски, 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши, 370.000 кг јаболки. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм сезонско овошје. Тоа е целта, децата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува. Опфатени се 38000 деца од сите градинки во државата” изјави министерот Николовски.

На тема здрава храна за секое дете, министерката Тренчевска се осврна и на иницијативата на Министерството за труд и социјална политика за ревидирање на Правилникот за стандарди и нормативи за исхрана во градинките.

„Во соработка со компанијата Ново Нордиск и УНИЦЕФ и учество на претставници од релевантни институции, направивме измени во правилникот кои предвидуваат зголемен внес на свежо овошје и зеленчук. Потоа, месечната листа на јадење да биде секој ден различна бидејќи нашето поднебје располага со богат избор на овошје и зеленчук за подготовка на оброците во детските градинки,” посочи Тренчевска.

Министерката ја најави и следната активност, а тоа е едукација за грижа и превенција на здравјето во детските градинки и во семејни услови преку соодветна и правилна исхрана. Со оваа едукација ќе бидат опфатени сите стручни профили – вработени во детските градинки, едукација на децата и на родителите.

Министрите изразија подготвеност за понатамошни вложувања во правилниот раст и развој на децата и отвореност за соработка во насока на унапредување на квалитетот на живот на нашите најмлади граѓани -децата, кои се иднината на нашата држава.

Tags: „Здрав оброк за секое дете"Тренчевска
Next Post

Додик: Ако се наметне законот за државен имот, РС би можела да прогласи независност

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk