ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Домашните компании задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“

May 18, 2023 12:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Тинк тенк „Аналитика“ на денешниот настан насловен „Дали „Отворен Балкан‚“ ги исполнува очекувањата на домашните компании?“ ги презентираше наодите од сеопфатното квантитативно истражување за ефектите и задоволството на домашните компании од резултатите кои ги дава иницијатавата „Отворен Балкан“.

Истражувањето е спроведено со 150 извозно ориентирани компании, од кои 100 од преработувачката индустрија и 50 кои работат во делот на туризмот. Ова е досега најголемата студија на темата која директно собираше податоци од компаниите и ги мереше ефектите од иницијативата „Отворен Балкан“.

Согласно наодите кои ги презентираа М-р Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор на „Аналитика“, проф. Д-р Борче Треновски и М-р Бојана Мијовиќ Христовска, автори на студијата, иницијативата „Отворен Балкан“ е позитивно оценета од компаниите. Оние кои учествуваа во истражувањето дадоа низа конструктивни предлози и идеи како за унапредување на самата иницијатива така и за развој на индустријата во која работат.

Клучен наод од истражувањето со компаниите во туризмот се дека 58% од компаниите сметаат дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе дојде до подобрување на туризмот.

Компаниите оценуваат дека „Отворен Балкан“ може да ја унапреди состојбата во туризмот во однос на финансиска поддршка и инвестиција (72%), промоција на туристички дестинации (62%), заеднички настап на трети пазари (62%) и отворање на нови канали на туристичка промоција (58%)

Во однос на идни приоритети, мнозинство (82%) од испитаниците, како прв приоритет го издвоиле подобрувањето на туристичката инфраструктура.

Високи 44% од компаниите сметаат дека мерката ‚‚Финансиска поддршка за дојдовен туризам“ туристички агенции треба да продолжи во иднина.

Бојана Мијовиќ Христовска во својата презентација се осврна на дел од препораките и заклучоците велејќи дека поврзувањето во заеднички регионален туристички пазар значи економски напредок и раст и поставување темели за одржлив развој.

„Давање дополнителна институционална поддршка за поврзување, вмрежување и координација, законски подобрувања и споделување искуства се значајни за компаниите од овој сектор. Тие бараат усогласување на регулативата на пазарот на труд со цел обезбедување доволно работна сила во регионот која ќе се ангажира во угостителско-туристичкиот сектор, но и капитални инвестиции во сообраќајна и туристичка инфраструктура“ – посочи Христовска.

Таа рече дека меѓу другото компаниите бараат осмислена креативна туристичка кампања за промоција и креирање препознатлив регионален туристички производ со кој ќе се охрабрува мултукултурализам и туристичко брендирање како заедничка дестинација како и градење заеднички платформи за соработка.

Тамара Мијовиќ Спасова се осврна на заклучоците од истражувањето со извозно ориентираните компании од преработувачката индустрија и земјоделството. Генералниот заклучок е дека тие силно ги чуствуваат бенефитите од иницијативата „Отворен Балкан“ и имаат директни придобивки од неа.

Согласно анализата, за 88% од анкетираните компании оваа иницијатива отвора нови можности за подобрување на работата, нови вработувања и остварување на поголем раст на компанијата.

Најголем дел од компаниите (57%) сметаат дека можностите за трговска размена во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се идентични или слични со оние на ЕУ. Во просек, повеќе од две третини од анкетираните компании се согласуваат дека „Отворен Балкан“ ја подобрува конкурентноста на македонското земјоделско производство (70%) и го подобрува пласманот на македонските производи (73%).

Што се однесува до самата трговска размена, анализата покажува дека македонските компании во регионот најголема размена имаат со Србија, па Албанија, а најмала со Црна Гора.

Истражувањето се осврна и на проблемите со кои се соочиле или се уште се соочуваат компаниите како последица на војната во Украина. Главна последица од рестриктивните мерки преземени поради конфликтот Русија−Украина е значајно зголемување на оперативните трошоци, дури 81,0% од анкетираните компании рекле дека ова е најголем проблем. Секоја трета компанија се соочила со проблеми при набавка на суровини, вештачки ѓубрива неопходни за земјоделско производство, а за секоја четврта мерките предизвикале намалување на пласманот на производите.

Тамара Мијовиќ Спасова која го презентираше овој дел од истажувањето заклучи дека за развој на земјоделската политика во С. Македонија, треба да се стави акцент на субвенциите за домашното производство како важна мерка за развој на квалитетно земјоделство.

„За одржливо и конкурентно земјоделство, компаниите сметаат дека е потребно да се регулира откуп на земјоделски производи, да се стабилизира и зголеми домашно производство на храна, при што би се намалил увоз на странски производи. Понатаму, да се обезбеди подобар пласман и сигурен откуп на производите“ – истакна Спасова.

Таа додава дека за зголемување на квалитетот и ефективноста во земјоделското производство, треба да се инвестира во обезбедување на поквалитетни семиња во државата, повеќе да се засадуваат нивите со култури кои се дефицитарни но, и државата да помогне во набавка на современа механизација, опрема и амбалажа.

Во последниот дел од анализата професорот Борче Треновски ја презентираше деск анализата и статистичките податоци за секторот земјоделство и квалитативна анализа од интервјуа со засегнатите страни. Во опсежното излагање, Треновски посочи дека значајно е отстранување на нетарифните трговски бариери, како и останатите видови на протекционистички мерки за транспорт и трговија со земјоделски производи помеѓу земјите од Отворен Балкан. Тој рече дека заемно признавање на анализи и пропратни документи, забрзан транспорт на земјоделски производи без чекање на гранични премини е многу значаен за компаниите, како и креирање на заеднички платформи за настап на странски пазари.

„Подобро заедничко планирање на земјоделското производство во земјите дел од инцијативата е многу значајно. Со тоа ќе има поголема диверзификација на производи, поголем квалитет, и истите ќе бидат поконкурентни на другите пазари, пред се во ЕУ. Понатаму, заеднички стратегии за производството и заедничката размена во областа на земјоделието во услови на кризи и природни непогоди може силно да влијае на отпорноста на регионот на глобални и регионални потреси. Формирање на посебно тело кое ќе биде одговорно за задржување на стандардите на квалитет во производството на земјоделски производи и храна би значело подигање на квалитетот и конкурентноста“ – заклучи Треновски

Tags: АналитикаОтворен Балкан
Next Post

Полицијата на БиХ разби криминална група која шверцувала дрога и оружје во ЕУ

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk