ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Можеби сум луд“ – холандскиот автор Мишел Строинк на македонски

May 18, 2023 10:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Можеби сум луд“ е роман на современиот холандски автор Мишел Строинк кој како копродукциското издание на скопските издавачи Макавеј и Анкх деновиве излезе од печат на македонски. Романот од холандски го преведе Ели Пујовска, а преводот беше помогнат од Холандскиот литературен фонд (Nederlands Letterenfonds).

Холандската и пошироката европска книжевна рецепција што романот ја доживеа беше и мотивација за македонските издавачи да се зафатат со преведување на овој роман на македонски: Весникот „Фолкскрант“ (de Volkskrant) го нарече романот „Убаво деби“ и подвлече дека „Строинк работи со состојки за холандска верзија на “Лет над кукавичкото гнездо“. Весникот „Вива“ го нарече романот „Потресна приказна што долго се памети“ додека Дирк Копес од „De Pers“ го опиша како „најголемиот книжевен дијамант оваа пролет“.

Преведувачката, Ели Пујовска, за романот коментира: „Проблемот што се провлекува низ приказната е процесот низ кој поминува протагонистот
Бенџамин за да ги прифати и признае своите таканаречени постапки, иако самиот тој воопшто не е сигурен во нив. Тоа е неопходно за тој некогаш да биде ослободен. Сето тоа му е многу тешко, особено на почетокот бидејќи не може да верува дека е способен за такво нешто. На крајот излегува дека бил во право од самиот почеток, но мора да ја преболи сопствената гордост и да продолжи со животот.“

Главните мотиви на книгата се дрогата, алкохолот, живеењето со чувство на вина, форензичко-психијатриските клиники и регенерацијата. Дрогата и алкохол се важен мотив бидејќи тие се коренот на проблемот на Бенџамин; тој не се сеќава што се случило на таа забава и бидејќи има толку многу докази против него, не може ниту да го оспори обвинувањето кон него. Тие исто така играат голема улога во неговиот живот пред да заврши на клиниката. Често користел наркотици. Тоа е и причина за неговата промена на личноста: станува сè поарогантен и се губи себеси.

Животот со чувство на вина е уште еден доминантен мотив: на почетокот од периодот во клиниката „Виножито“, Бенџамин не верува дека го
направил тоа за кое е обвинет, но на крајот и тој е убеден дека е виновен. Од тој момент во него почнува да се буди чувството на вина
која тој преку писмо им ја пренесува на своите „жртви“, продолжувајќи да живее со неа. Затоа живеењето со вина е исто така важен мотив во
приказната. Тука е и психијатриската клиника како опкружување и мотив: Бенџамин завршува во клиника поради болна шега на неговите пријатели, која го чинела четири и пол годишен престој во неа.

Tags: „Можеби сум луд“
Next Post

Воената болница во Токио ќе прими повредени украински војници

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk