ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата: Со инвестиции во нови лабаратории и технологии за подобар квалитет и заштита на потрошувачите

May 19, 2023 13:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на метрологијата 20 мај, кој го организираше Бирото за метрологија.

Министерот им честиташе на вработените и на директорот, Абдил Селам Селами  и им посака успех во работата.

„Бирото за метрологија, како орган во состав на Министерството за економија е државна национална метролошка институција, која ги спроведува тие мерења, точни и прецизни, еднакви со мерењата во светот.  Како најважна алка во инфраструктурата за квалитет, Бирото за метрологија дава суштински придонес кон надминување на техничките бариери, кон фер трговијата како и кон грижата за потрошувачите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека фер трговијата и заштитата на потрошувачите не е возможна без развиен метролошки систем.

Метрологијата е многу важна и би било многу тешко да се замисли модерниот свет на трговијата и на индустријата без ваков Институт. Потребна е современа опрема за извршување на работата во делот на метрологијата“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

Министерот потсети за достигнувањата на Бирото за метрологија со поддршка на Министерството за економија и Владата

„Во 2019 година беше набавена мобилната лабараторија за тестирање на квалитетот на горивата која беше акредитрана на почетокот на 2020 година. Акредитирана е за 16 методи за тестирање на бензин и дизел. Од акредитацијата, па се до денес, Државниот пазарен инспекторат константно ја користи оваа лабораторија при контрола на домашниот пазар на течни горива. И во најкус можен рок, на лице место се добиваат резултати од тестирањето на квалитетот на нафтата и нафтените деривати, што е од круцијално значење при вршење на увоз и надзор на домашниот пазар. Поради неможноста на Државниот пазарен инспекторат да го контролира квалитетот на увезениот мазут во земјава, откако беше утврдено дека неквалитетен и опасен мазут се увезува во земјава, во 2021 година Владата го задолжи Бирото за метрологија да набави опрема за испитување на квалитетот на мазутот. Опремата беше набавена и акредитирана во рок од три месеци со седум мерни инструменти за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот, а согласно сите  барања на стандардот МКС Б.Х2.430, за тестирање на квалитетот на мазутот и маслата за горење“ кажа министерот

Во однос на следните проекти кои работи Бирото за метрологија министерот Бектеши кажа дека паралелно со развојот на гасоводните мрежи, се јави и потребата за испитување и верификација на гасомери и електронски коректори на зафатнина на гас.

„Поради фактот што во Република Северна Македонија не постои лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас,  Бирото за метрологија, направи напори за формирање на лабораторија за оцена на сообразност и верификација на наведените типови на мерила. Имено, заради непостоење на ваква лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас, сите мерни инструменти (гасомери) се верификуваа надвор од Република Северна Македонија во соодветни  опремени и акредитирани лаборатории. Овие денови, мерната опрема за верификација на гасомери се поставува во лабораторискиот центар на Бирото за метрологија и истата во целост ќе ги исполнува барањата на европските стандарди за оцена на сообразност и верификација на гасомери“ кажа министерот.

На крајот министерот кажа дека поддршката за понатамошниот развој на Бирото за метрологија, а воедно и метролошкиот систем во Република Северна Македонија и натаму ќе биде приоритет на Министерството за економија, се со цел да се подобри конкурентноста, производството, трговијата, како и квалитетот на животот на сите нас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бектешиекономијанафтени деривати
Next Post

Зеленски ќе присуствува на Г7 во Јапонија-Кои се другите главни прашања на Самитот оваа година?

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk