ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Митреска: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

May 19, 2023 10:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата”, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. Според последните оцени, се очекува дека фискалната консолидација во регионот ќе биде заснована на намалување на расходите, со што ќе се придонесе за подобрување на фискалниот профил и натамошно намалување на притисоците врз цените. Во тековните услови, соодветната монетарна и фискална координација е исклучително важна, како поддршка на вкупната стабилност на економиите. Во глобални рамки, монетарната и фискалната комбинација засега се оценува како соодветна, имајќи предвид дека во 2022 година во 72% од земјите и двете политики се затегнуваат, што е соодветна поставеност при присуство на инфлациски притисоци и ризици.

„Во текот на пандемијата, буџетските дефицити и јавниот долг значително се зголемија, заради преземените мерки за поддршка на економската активност и заштита на ранливите групи. Оттогаш наваму, видливо е нивно намалување, но и понатаму се над претпандемичните нивоа”, нагласи Митреска. Во вакви услови, како што истакна, неопходна е посветеност на фокусирана и кредибилна консолидација, а со тоа намалување на нивоата на долгот и градење на фискалниот простор. Ова е особено важно во контекстот на позатегнати финансиски услови и надолни ризици за економскиот раст, за што е потребна претпазлива фискална политика којашто ќе го намали притисокот врз потребите за финансирање во земјите од овој регион и ќе го олесни нивниот пристап до меѓународните пазари.

На состанокот за монетарна политика на БИС за Централна и Источна Европа учествуваа претставници на централните банки од поширокиот регион, како и претставници од Банката за меѓународни порамнувања и Европската централна банка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МитрескаНародна банка

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk