ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поповска: Како само седум граѓански здруженија од Општина Штип успеале да дознаат за повикот за доделување средства?

May 19, 2023 11:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Штип на чело со градоначалникот Јорданов, втора година по ред доделува средства без транспарентно да објави дали се запазени критериумите наведени според методологијата, а во врска со доделените финансиски средства на здруженија и НВО од страна на Општина Штип, објавуваат од СДСМ Штип.

Советничката Маријана Рогожарска Поповска прашува како е можно само седум здруженија да дознаат за овогодинешниот повик за доделување средства.

„Останува симптоматично како само седум здруженија успеале да дознаат дека имаме јавен повик што се однесува на сите граѓански здруженија и невладиниот сектор и како истите се валоризирани сите да ги остваруваат критериумите и да добијат определена сума и износ, прашува во своето обраќање на Советот на Општина Штип советничката од СДСМ Маријана Рогожарска Поповска.

„Втора година по ред, Општина Штип и градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов, спроведува крајно нетранспарентна постапка за доделување на финансиски средства за проекти на здруженија на граѓани и фондации преку која се одлеваат 1.195.000 денари од општинската каса. Јавниот повик со број 09-2127/1 од 21.03 2023 година, го нема ниту на веб страницара на општината ниту пак на огласната табла, каде што наводно бил објавен согласно кажувањата на претставници на општината“ велат од СДСМ Штип.

Појаснуваат дека до советниците пристигнала само конечна ранг листа на здруженија на кои ќе им бидат доделени средства, записник од наводното јавно отворање на апликациите од страна комисијата која е формирана со одлука на градоначалникот како и наратив за која е целта на одобрените проекти.

„Во прилог недостигаат апликациите и документите на здруженијата кои согласно методологијата изгласана од страна на Советот на Општина Штип во 2019 година треба да се достават.
И покрај конкретно барање на еден од советниците да се достави целокупната документација и за минатата и за оваа година, преку институтот советнички прашања како и преку барање во материјална расправа по точката, документацијата не е доставена.

Очигледно само тричлената комисија назначена од Јорданов „смее да знае” кои се активностите и динамиката на реализација на проектот како и кој е интересот на заедницата од нивната реализација.
Посочената усвоена методологија од 2019 година, содржи конкретни елементи врз основа на кои треба да се врши валоризацијата и бодувањето, а согласно тоа и висината на средствата кои ќе се доделат“, потенцираат од СДСМ Штип.

Ј. Ѓ.

 

Tags: Иван ЈордановМаријана Рогожарска ПоповскаОпштина Штип
Next Post

Габриел: Имињата на министрите ќе бидат објавени в понеделник

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk